Јокиќ го однесе Денвер до 3-0 против Минесота, први победи на Атланта и Њујорк

Екипата на Денвер дојде до третата победа во плеј-оф серијата против Минесота со 120-11 во првото гостување, и така со 3-0 во победи дојде на чекор до пласман во четвртфинале. Никола Јокиќ пружи уште една одлична партија, кој имаше трипл-дабл учинок веќе на крајот на третата четвртина.

Сега Денвер може веќе во следниот натпревар да реши се во своја корист, и да се пласира во следната фаза каде што ги чека дуел со подобриот од дуелот Феникс – ЛА Клиперс.

Денвер нешто подобро влезе во мечот, но Минесота врати со одлична втора четвртина за „егал“. Првото полувреме избраниците на Мајк Мелоун го добија со шест разлика, а потоа во вториот дел успеа да ја зголеми разликата, а домашните не дојдоа до ситуација да се вратат резултатски во мечот. Јокиќ постигна 20 поени со 10 скока и 12 асистенции.

Кошаркарите на Њујорк дојдоа до прва победа во серијата со Кливленд. Клучна за победата беше втората четвртина која „никси“ ја добија со 28-15, што делуваше како шок за Кливленд кој не успеа да се врати од таа негатива до крајот на мечот. Мичел од Кливленд беше најефикасен со 22 поени, додека Брансон од Њујорк постигна 21.

Атланта беше подобра од Бостон, и покрај тоа што лошо влезе во мечот и ја загуби првата четвртина. Сепак, домашните со одличната партија пред полувремето, се стекнаа со добра предност, која ја задржаа до крајот. Јанг со 32 поени ја предводеше Атланта до победа, додека Тејтум постигна 29 кај Бостон. Атланта со овој триумф намали во серијата на 2-1.

РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Бостон 130:122 (1-2)

Њујорк – Кливленд 99:79 (2-1)

Минесота – Денвер 111:120 (0-3)

Се вчитува...