Денеска се игра еден натпревар од 28. коло во ПМФЛ. Во Штип се очекува крајно интересен и возбудлив натпревар на два тима кои се во горниот дел на табелата и во добра форма. И Брегалница и Шкендија не знаат за порази во последните пет првенствени натпревари, со тоа што тетовци имаат победничка низа, додека Брегалница два пати одигра нерешено и има три победи.
Штипјани се во позиција да се борат за тоа четврто место, кое на крајот може да им донесе историски пласман во Европа, доколку Струга ТЛ го освои Купот на Македонија. Од друга страна, Шкендија се доближи до Струга ТЛ на првото место на табелата, и сега има шест бода минус, со натпревар помалку од стружани.
Шкендија можеби ја очекува најтешката задача во овој трет круг, откако нанижа пет победи по ред.
„Навистина тешко гостување. Знаеме дека Брегалница е нeзгодна, но ќе патуваме во Штип за да го дадеме максимумот и да ги освоиме бодовите. Ако победиме ќе бидеме само три бода од првото место на табелата. Затоа денеска мораме да дадеме максимум и да победиме. Нашата цел е шампионската титула, но знаеме дека имаме многу работа. Ќе дадеме се од себе и се надевам дека тоа ќе биде доволно за победа“, рече Енур Tотре, фудбалерот на Шкендија.
ПРВА ЛИГА, 28. КОЛО
ДЕНЕСКА, 16:00
ШТИП: Брегалница – Шкендија
УТРЕ, 16:00
СКОПЈЕ: Скопје – Ак. Пандев
ПРИЛЕП: Победа – Работнички
КРАТОВО: Силекс – Македонија ЃП
КАВАДАРЦИ: Тиквеш – Шкупи
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА