Стигнаа до 1/4 финалето во ЛШ, а сега се осомничени за местење натпревари

Ниту оваа сезона Бенфика не успеа да се пласира во 1/2 финалето во Лигата на шампионите. Во 1/4 финалето ги сопре екипата на Интер, која славеше со вкупни 5-3 во двата меча над португалскиот тим, и така тимот од Милано стигна до најдобрите четири во Европа.

Италијанскиот вицепрвак славеше со 0-2 на гостински терен во Лисабон, за реваншот во Милано да заврши 3-3. Бенфика на тој начин го заврши настапот во Европа.

Корирере дело Спорт сега извесува околу скандалот со Бенфика за наместени натпревари во изминатите неколку години.

„Португалскиот спортски суд истражува можен случај за корупција во која можеби учествувала и екипата на Бенфика. Истрагата како главен осомничен го има Цезар Боавентура, кој наводно пробувал да ги убеди некои играчи на Рио Аве и на Маритимо да ја фаворизираат Бенфика во директните натпревари во сезоната 2015/16, ветувајќи им 80.000 евра“, се наведува во дел од текстот.

Случајот нималку не е наивен, па се очекуваат казни за Боавентура и за клубот Бенфика, доколку обвинувањата се потврдат.

Се вчитува...