Жоао Феликс, грачот на Атлетико Мадрид, кој игра како позајмен во Челси, можно е на лето да го напушти Мадрид и да се пресели во друг клуб. Атлетико во 2019 година за неверојатни 127 милиони евра го купи од Бенфика, но не ги оправда засега вложените средства во него.
Тимот на Диего Симеоне е подготвен да го продаде Феликс, но не на своите најголеми ривали Реал Мадрид и Барселона. Вкупно за Атлетико, Португалецот запиша 131 настап, со 34 асистенции и 18 голови. Во зимскиот преоден рок замина на позајмица во Челси, но и во лондонскиот клуб има лоша сезона.
Јасно е дека Атлетико нема шанси да ги врати парите вложени во него, но ќе се обиде загубата да биде минимална. Неговата цена е преполовена, односно е некаде околу 65 милиони евра. Пред извесно време, претседателот на Барселона Жоан Лапорта, најави дека му се допаѓа Феликс како играч. Меѓутоа проблем за Барселона се финансиите, затоа што Каталонците ќе мора да ги намалат платите летоска за 100 милиони, ако сакаат да регистрираат нови играчи.
Засега во нивните планови се враќање на Меси, и ангажман на Илкај Гундоган.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА