ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ, успеа да слави на гостувањето кај Локомотив Кубан, и така да израмни во серијата во полуфиналето на рускиот плеј-оф.
Кошаркарите на ЦСКА направија важен „брејк“ и дојдоа до 2-2 во серијата, и сега преостнуваат уште минимум два меча за да се слави и да се игра во финалето.
Благодарение на одличната последна четвртина, избраниците на Рајковиќ успеаја да го добијат натпреварот со 73-79, инаку до пред последниот период Локомотив го имаше водството. Сепак, на крајот последниот период кошаркарите на ЦСКА го добија со 24-16, и со тоа и натпреварот.
Следниот меч е на програмата на 25. април. Утре Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казан ќе се обидат да дојдат до 3-1 во втората полуфинална серија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА