Екипата на Осасуна му ја „загорчи“ судбината на Бетис за местото во Лигата на шампионите, совладувајќи го со 3-2. Со тоа Осасуна, пак, ги задржа шансите за излез во Европа.
Будимир во 6. и во 11. минута донесе брзо водство од 2-0 за Осасуна, а Миранда во 16. минута успеа да го врати Бетис во игра за добар резултат. Монкајола во 41. минута донесе предност за Осасуна од 301.
Во вториот дел Родригез само успеа да ублажи на 3-2, и со тоа Бетис да се оддалечи од четвртото место на табелата кое го држи Реал Сосиедад, а со евентуална победа денеска, Сосиедад ќе се оддалечи шест бода од „зелено-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА