Шкендија има предност од 0-1 на гостувањето против Брегалница во Штип благодарение на голот на Клисман Цаке во 64. минута од натпреварот.
Во првиот меч од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница имаше одличен почеток на второто полувреме со далеку подобра игра, а Ѓорѓиев во 48. минута го погоди и дирекот од голот на гостите.
Па, кога штипјани не ги реализираа своите шанси, меѓу кои и онаа на Алтипармаковски во 45. минута, следеше казната во 64. минута кога Цаке одлично погоди со глава по корнерот од десната страна на Чинари.
Во првото полувреме и Шкендија имаше две одлични шанси, но Дориев и Чинари погодија стативи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА