Ако Кунде заигра уште еден меч, Барса ќе треба да и плати на Севилја

Барселона е многу блиску до исполнување на една од клаузулите во договорот за Жил Кунде од Севилја минатото лето. Францускиот репрезентативец стигна на „Ноу Камп“ за сума од 50 милиони, но Каталонците ќе треба да платат дополнителни 2,5 милиони евра за секоја сезона во која Кунде играл повеќе од 45 минути во 60% од натпреварите на Барса.

До сега Кунде има најмалку 45 минути во 31 официјален натпревар во Ла Лига, ЛШ, Лига на Европа, Купот и Супер-Купот на Шпанија. До крајот на сезоната избраниците на Чави ќе имаат уште седум меча, а 60% од нив се точно 32 меча. Што значи дека доколку вечерва Кунде игра повеќе од 45 минути за Барселона, на сметката на Севилја ќе треба да легнат 2,5 милиони евра.

Оваа клаузула е активна пет сезони, и доколу се реализира во секоја од нив, тогаш трансферот ќе изнесува не 50, туку 62,5 милиони евра.

Се вчитува...