ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Никој како Манчестер Сити во ФА Купот

Манчестер Сити вчера со победата над Шефилд Јунајтед, се пласираше во финалето во ФА Купот, и таму ќе го чека победникот од денешниот дуел помеѓу Брајтон и Манчестер Јунајтед.

Сити до финалето стигна без примен гол, со гол разлика 17:0. До овој момент, „граѓаните“ ги победија Челси, Арсенал, Бристол Сити, Барнли и Шефилд Јунајтед и даде 17, а ниту еднаш не ја вадеше топката од мрежата.

Тоа му успева на еден тим првпат од 1966 година. Тогаш Евертон стигна до финалето без примен гол, со 11 дадени. Евертон на крајот го освои трофејот совладувајќи го во финалето тимот на Шефилд Венздеј со 3-2. Тоа беа единствените два кола кои ги прими тимот од синиот дел на Ливерпул.

Се вчитува...