Филаделфија прва во 1/4 финале во плеј-офот: Го „збриша“ Бруклин со 4-0

Кошаркарите на Филаделфија станаа првиот тим кој се пласираше во 1/4 финалето во НБА плеј-офот, откако вечерва го совладаа тимот на Бруклин со 96-88, и така со вкупни 4-0 се пласираа во следната фаза.

Џоел Ембид не играше за Филаделфија, но тоа не беше проблем за Сиксерси да дојдат до нов триумф и да со „метла“ да го „збришат“ противникот.

Имаше домашниот тим во Њујорк игра и водство во првиот дел, но во второто полувреме целосно потфрлија и дозволија на противникот да направи пресврт и да дојде до триумф.

Сиксерси во третата четвртина го задржаа ривалот на смо 15 постигнати поени, додека во нападот се „распука“ Херис, со поддршка на Мекси и Харден.

Херис беше најефикасен со 25 поени, додека Харден постигна 17. Филаделфија во следната фаза ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Бостон и Атланта, каде што Селтикс водат 2-1 во серијата.

Се вчитува...