Химната од Лигата на шампионите после 21 година најверојатно одново ќе се пее на стадионот на Ленс. Вечерва оваа екипа го совлада Монако со 3-0 во директниот дуел за пласманот во европската „елита“, и така веројатно „жолто-црвените“ ќе обезбедат втора позиција, и пласман во групната фаза во Лигата на шампионите идната сезона.
Ленс игра одлично на свој терен сезонава, а тоа на своја кожа го почувствува и Монако, кој се бореше за место меѓу првите три и ЛШ, но сега останува само да се бори за третата позиција која носи квалификации во европското елитно натпреварување.
Опенда во 9. минута и во 16. минута донесе 2-0 за Ленс, а Томасон во 56. минута зголеми на 3-0. Монако се обиде да намали, но не успеа во тоа. Сега Ленс избега на Марсеј два бода на второто место, и има предност од пет бодови од Монако на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА