Лос Анџелес лејкерс триумфираше со 111-101 на дуелот против Мемфис, поведувајќи со 2-1 во плејоф серијата од Западната конференција. Откако по двете средби во Мемфис дел од домашните кошаркари со изјави по медиумите ги провоцираа Леброн Џејмс и останатите „езерџиите“, синоќа стигна одмаздата, и тоа со феноменалната прва четвртина им дозволија на гостите да постигнат само девет поени (35-9).
Победникот беше практично решен, Мемфис во ниту еден момент посериозно не се приближи, а тимот од Лос Анџелес предводен од Дејвис и од Леброн Џејмс стигна до предност во серијата. Во таборот на Мемфис најефикасен беше Џа Морант со 45 поени, но тоа малку вредеше ако се земе во предвид крајниот исход. На спротивната страна, Дејвис одигра импресивен меч со 31 поен и 17 скокови, додека Леброн Џејмс го заврши мечот со 25 поени, 9 скокови и 5 асистенции.
Мајами лесно и убедливо го совлада Милвоки со 121-99, уште еден меч на кој гостите не можеа да сметаат на својата најголема ѕвезда, Јанис Адетокумбо. Батлер со 30 и Робинсон со 20 поени ги предводеа стрелците во победничмиот тим, а најефикасен кај Милвоки беше Мидлтон со 23 поени зад своето име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

