Новак Ѓоковиќ ги загрижи своите фанови откако обелодени дека нема да се натпреварува на претстојниот Мастерс-турнир во Мадрид. Првиот светскиот тенисер играше во многу слаба форма на почетокот од сезоната на земјена подлога, а по раните порази во Монте Карло и во Бања Лука реши да не патува за Шпанија, туку целосно да ја санира повредата.
Станува збор за проблем со лакотот, повреда што Ѓоковиќ ја заработи тренирајќи со Беретини пред турнирот во Монте Карло, поради што не беше во можност да игра во топ-ритам на претходните два турнира.
Останува прашањето дали и колку Новак ќе биде подготвен за настап во Ролан Гарос, турнир на кој вообичаено царува Рафаел Надал, но во ситуација кога Шпанецот исто така се мачи со повреди, се очекува исклучително интересна трка по трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

