Челси го отпиша и Луис Енрике, остана само еден фаворит во трката за нов тренер

Луис Енрике и дефинитивно нема да биде наследникот на Френк Ламапрд на клупата на Челси, откако клупската управа решила да не го ангажира шпанскиот стратег.

Челниците на чело со Тод Боели одржале неколку состаноци со Енрике, но не биле доволно импресионирани од неговата визија за клубот, по што го известиле агентот на Шпанецот дека бена да биде постигнат договор со екс-селекторот на Шпанија.

Како главен фаворит во трката за нов менаџер на Челси сега останува Маурицио Покетино, со кого Боели исто така имал неколку средби, но за разлика од Енрике, американскиот милијардер бил импресиониран од замислите на Аргентинецот за развој на клубот. Се очекува разговорите да се интензивираат во следните две седмици, за веќе на почетокот од месец мај Челси да ја официјализира соработката со Покетино, кој ќе пристигне на крајот од сезонава.

Се вчитува...