Втора лига: Гостивар го смени тренерот, нов Турчин ќе ја заврши сезоната

Раководството на Гостивар објави дека ја прекинува соработката со Октај Дерелиоглу, на само еден месец пред крајот на сезоната во Втората лига во која гостиварци се уште имаат реални шанси за влез во елитното друштво. Иако ја надминаа резултатската криза и не знаат за пораз во последните пет кола, гостиварци сепак се решија да се разделат од Дерелиоглу.

„Со ова соопштение сакаме да ја информираме јавноста дека се разделуваме од Октај Дерелиоглу, кому му благодариме за ангажманот во целиот овој период. Тимот на Гостивар не знае за пораз во досегашните 24 средби од Втората лига (17 победи и седум реми) и благодарение на овој стратег е уште сме меѓу фаворитите за влез во Прата лига. Му посакуваме на Октај Дерелиоглу многу среќа во наредните ангажмани“, се вели во соопштението на ФК Гостивар.

Воедно, гостиварци го обелоденија и името на наследникот на Дерелиоглу, станува збор за турскиот стратег Мурат Дабан кој ќе дебитира на денешниот меч со Кожув.

Гостивар моментно се наоѓа на третото место на табелата во Втората лига со 55 бода, зад Воска со 59 и Вардар со 56 освоени бода.

Се вчитува...