Османи: Победата во Штип не остави во трка за трофејот!

Шкендија дојде до повеќе од значајна победа на гостувањето против Брегалница во Штип во првиот натпревар од 28. коло во ПМФЛ.

Со вчерашниот триумф од 0-1 благодарение на голот на Клисман Цаке во 64. минута тетовци остануваат во битката за врвот со Струга ТЛ. По три едноподруго натпревари без постигнат гол на дуелите со Брегалница, сега Шкендија конечни и до победата, повеќе од значајна сезонава.

Сега, Шкендија низ пеколен финиш ја очекуваат трите дербија на директните конкуренти за трофејот кои ќе го одлучат шампионот. Шкендија гостува кај Шкупи, а ја очекува дома Струга ТЛ во двата директни дуели, додека Струга ТЛ ќе биде домаќин на Шкупи во последното коло.

„Победата во Штип против силен тим како Брегалница не остави во трката за шампионската титула и мислам дека после оваа победа во Штип, сега сме уште поблиску до целта. Сепак, патот се уште е тежок и долг. Пред нас се клучните натпреварите кои ќе мора да ги решиме во наша полза ако сакаме титула. Мора да продолжиме по победничкиот колосек и да победуваме за да ја оствариме таа цел“ – вели шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи.

Се вчитува...