Макаби успешно ги финализираше преговорите за уште еден нов договор, откако по Лоренцо Браун израелскиот гигант успеа да го задржи во своите редови и Вејд Болдвин.
Одличниот Американец пристигна од редовите на Басконија и веднаш се наметна како еден од лидерите на тимот. Токму неговите извонредни партии заедно со оние на Браун беа пресудни за Макаби да го освои петтото место во Евролигата и да обезбеди место во четвртфиналето, каде ќе ги одмери силите со Mонако.
Вејд Болдвин беше избран за МВП на месец февруари во Евролигата, каде има одличен просек од 16,7 поени, пет асистенции и 3,6 скокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА