Кошмар за Тен Хаг: Ќе мора да игра Мегваер, крај на сезоната и за Варан

Ерик тен Хаг се соочува со огромни проблеми во пресрет на завршницата на сезоната во Премиер-лигата откако беше обелоденето дека Рафаел Варан е посериозно повреден и најверојатно нема да може да се врати на терените до крајот на сезонава.

Варан се повреди на првиот меч од Лигата на Европа со Севилја, оттогаш воопшто не тренираше со остатокот од тимот, а последните информации велат дека проблемот со зглобот е многу посериозен од првичните лекарски прогнози. Новата дијагноза вели дека Варан ќе отсуствува уште шест седмици од терените, што практично значи за него оваа сезона е предвреме завршена.

На истиот натпревар тешка повреда заработи и вториот стандарден дефанзивец, Аргентинецот Лисандро Мартинез, па јасно е дека Тен Хаг нема премногу избор и ќе мора да му даде шанса на Мегваер до крајот на сезонава, без оглед на слабата форма и склоноста на неверојатни грешки на англискиот репрезентативец.

Се вчитува...