ФОТО: Дуелот во Автокоманда со хуманитарен карактер: За помош на Никола Ѓорѓиев!

Денешниот натпревар меѓу Скопје и Академија Пандев од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига кој почнува од 16 часот на стадионот во Автокоманда ќе биде и од хуманитарен карактер.

Сите собрани средства од билетите за мечот ќе одат на сметка на Никола Ѓорѓиев, момчето за кое цела Македонија повикува на помош во битката со злокобната болест.

„Срцето пумпа надеж, за појако во наредна борба“ – порачаа и симпатизерите од Автокоманда пред почетокот на денешниот дуел.

Раководството на Скопје ги повикува сите фудбалски фанови да дојдат во што поголем број до почетокот на натпреварот, и купат билет со кој ќе му се помогне на Никола.

Се вчитува...