Шкупи се подалеку од одбрана на титулата, реми на Скопје и Академија Пандев во Автокоманда (ВИДЕО)

Шкупи е се подалеку од одбрана на титулата во Првата македонска фудбалска лига откако во 28. коло ремизираше без голови на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци. „Губејќи“ два бода, сега заостанува на врвот од табелата зад водечките Струга ТЛ и Шкендија.

На денешните прволигашки дуели ремизираа и Скопје и Академија Пандев во Автокоманда.

„Пандевци“ дојдоа до предност благодарение на голот на Крстевски уште во 2. минута од средбата. Но, Скопје израмни со голот на Азер Омерагиќ во 59. минута од натпреварот.

Триумф од 0-1 запиша Работнички на гостувањето против Победа во Прилеп. Маркоски беше стрелец на голот за „романтичарите“ во 31. минута од средбата кој ги донесе трите бода за скопјани.

Минимална победа од 1-0 запиша и Силекс во Кратово во пресметката против Македонија ЃП благодарение на голот на Манасиевски уште во 4. минута од натпреварот.

Стрелците беа заспани во 28. коло од шампионатот. Заедно со оној вчерашен натпревар во Штип меѓу Брегалница и Шкендија, вкупно пет гола на петте натпревари од оваа рунда од првенството.

ПМФЛ – 28. КОЛО
Скопје: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ 1-1
Омерагиќ 59′ – Крстевски 2′
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
Манасиевски 4′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ 0-0
Прилеп: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-1
Маркоски 31′
ВЧЕРА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-1
Цаке 64′

Се вчитува...