НЕВИДЕНА ДРАМА ВО ОХРИД: Воска со два гола во судиското продолжение го победи Вардар! (ВИДЕО)

Екипата на Воска спорт речиси се промовираше во нов прволигаш на Македонија откако во дербито на 25. коло од Втората фудбалска лига триумфираше со 2-1 против Вардар во повеќе од драматичен натпревар на стадионот наа СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Воска до победата дојде благодарание на два гола во судиското продолжение откако Вардар и со играч помалку одржуваше предност од 0-1 се до последните секунди од средбата.

Вардар играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Мишковски во 32. минута. Но, и покрај тоа, во 41. минута гостите дојдоа до предност со голот на Папули.

Сепак, кога се чинеше дека црвено-црните ќе ја однесат победата, најпрво Јашароски во 91. минута донесе израмнување за Воска на 1-1.

А, потоа само што се тргна од центарот…, во 93. минута Ермедин Адем постигна гол за 2-1 и победа на Воска која го однесе на шест бода предност пред Вардар на врвот од табелата.


Се вчитува...