Манчестер јунајтед дури по 14 пенали во „пенал-рулетот“ успеа да се избори за финале во ФА Купот

Манчестер јунајтед се избори за финале во ФА Купот откако дури по изведувањето на пеналите со 7-6 успеа да го победи Брајтон во втората полуфинална пресметка. Дури по вкупно 14 изведени пенали за двата тима во „пенал-рулетот“ на крај Јунајтед се избори за посакуваното финале.

Последниот пенал за Јунајтед го погоди Виктор Линделоф дури во седмата серија, откако претходно Марч беше единствен кој го промаши ударот од белата точка за Брајтон.

Претходно двата тима одиграа главно досадни 120 минути без многу возбудувања на двете страни, па на крај реален епилог беше преку ударите од белата точка да се одреди патникот во финалето.

Во финалето од ФА Купот закажано на 3. јуни на „Вембли“, Манчестер јунајтед ќе се соочи со Манчестер сити.

Се вчитува...