Одбојкарите на Струмица Никоб се само на чекор од десеттата шампионска титула во македонската машка одбојка, откако поведоа со 2-0 во финалната плејоф серија против екипата на ГОК Борец.
Бранителот на ланската двојна круна триумфираше со 3-1 (25-19, 21-25, 25-20, 27-25) на теренот на ГОК Борец и поведе со 2-0 во завршната серија во првенството.
Следниот натпревар е во салата „Парк” во Струмица во среда, исто така со пренос на МРТ-3, во меч во кој струмичани со триумф би дошле до одбрана на титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА