Многу борба во Автокоманда, на крај мирољубиво меѓу тимовите на Јонуз и Васоски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје и Академија Пандев одиграа интересен натпревар со многу борба во Автокоманда во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига, на крајот мирољубиво завршен без победник, 1-1.

Тимовите на поранешните соработници од репрезентацијата, Мирсад Јонуз како селектор а Александар Васоски како фудбалер, не успеаја да дојдат до целиот плен иако се чини дека веќе е јасно дека двата состави ги очекува баражот за прволигашки опстанок.

Академија Пандев поведе со голот на Крстевски уште во 2. минута од средбата, но младиот Азер Омерагиќ со својот дебитантски погодок во Првата лига стрелајќи во 59. минута не дозволи победа на гостите.

 

Се вчитува...