Елмас дел од историја: Наполи во последниве 30 години само третпат до победа со Јувентус во Торино!

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас е дел од историјата на Наполи, ако се суди според фактот дека тимот од Неапол успеа да стигне само до третата победа на гостински терен против Јувентус во последните 30 години меѓусебни дуели.

Елмас беше еден од најзаслужните за триумфот на наполитанците од 0-1 против „Старата дама“ во 31. коло од Серија А, со кој Наполи веќе извесно си ја обезбедува титулата во Италија.

Македонскиот репрезентативец во 93. минута одлично асистираше за погодокот на Распадори со кој Наполи дојде до само трета победа од 1992 година против Јувентус во Торино.

Претходно Наполи победил само уште на 31. октомври 2009 година со 2-3, со два гола на Хамшик и еден на Датоло, и во 2018 година со 0-1 со голот на Кулибали во 90. минута.

Се вчитува...