Кошаркарите на Голден Стејт ја изедначија осминафиналната серија против Сакраменто во плеј-офот на НБА лигата откако вчера славеа со 126-125 во драматична завршница. Победникот беше одлучен во последните 30. секунди од натпреварот, а Барнс промаши обид за три поени со кој ќе го вратеше својот тим на предност од два натпревари во серијата.
Стеф Кари со 32 поени, 5 скока и 4 асистенции беше предводник на Голден Стејт, додека на спротивната страна се истакна Фокс со 38 поени, 9 скокови и 5 асистенции.
Њујорк стигна до предност од 3-1 во серијата против Кливленд откако го одбрани домашниот терен со триумф од 102-93, а на победа до четвртфинале се најде и Бостон кој изминатата вечер славеше со 121-129 на гостувањето кај Аталанта.
Маестралната партија на Никола Јокиќ проследена со дабл-дабл од 43 поени и 11 скокови не беше доволна за Денвер со „метла“ против Минесота да се пласира во следната фаза. По продолжение Тимбервулвс успеаја да слават со 114-108 на крилјата на Едвардс и неговите 34 поени, 6 скока и 5 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

