Гвардиола: Јунајтед нека не се плаши, ние сме добри соседи

Лутите градски ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе си ги одмерат силите во финалето од ФА Купот. До истото „граѓаните“ стигнаа до триумф од 3-0 против Шефилд Јунајтед, додека „црвените ѓаволи“ по пенали славеа против Брајтон.

За финалето говореше Пеп Гвардиола кој се нашали дека неговиот тим ќе покаже сенс кој противникот, но додаде и дека Манчестер Сити е далеку од трофејот.

„Не мора да се плашат, ние сме добри соседи. Соседите секогаш се добри едни спрема други. Далеку сме од титула без разлика на формата во која играме сега. Откако го водам Сити губевме во завршните фази на натпреварувањата. Во финалето од Лигата на Шампиони или полуфиналето од ФА Купот. Но, горд сум на се што јас и моите соработници го направивме. Секако да не ја освоевме Премиерлигата немаше да бидеме тука сега. Не сум глуп, знам да го анализирам тимот и се што треба да направиме за во вистински ритам да ја завршиме сезоната“, изјави шпанскиот стратег.

Се вчитува...