Де Хеа: Напреднавме многу во однос на претходната сезона

Манчестер Јунајтед ќе води уште една битка за трофеј во сезоната откако вчера славеше по изведување на пенали против Брајтон во полуфиналето од ФА Купот со што закажа финална битка против лутиот градски ривал Манчестер Сити.

До финалето „црвените ѓаволи“ ги предводеше Давид Де Хеа. Шпанскиот голман не успеа да одбрани пенал во завршницата, но имаше одличен настап во регуларниот дел од натпреварот во кој запре одлични шанси за фудбалерите на Брајтон.

„Беше многу интензивен натпревар, играме против многу добра екипа. Брајтон игра многу добар фудбал. Финалето е многоу далеку, но ќе биде тоа голем натпревар против една од најдобрите екипи во Европа и светот. Покажавме дека дома можеме да ги добиеме, но и дека сме на добар пат. Уште еден трофеј, уште едно финале и борба за први четири места во домашната лига. Не е доволно, но е огромен чекор во однос на преходната сезона“, вели шпанскиот голман.

Се вчитува...