Изминатиот викенд на кошаркарските терени започна битката за пласман во „елитата“ на македонската кошарка по која прендост од 1-0 забележаа кошаркарите на Вардар, Работнички 2018, Соколи 1933 и Ангели.
Од четирите четртфинални натпревари најдрамтично беше на „Кале“ каде силите си ги одмерија Вардар и МЗТ Скопје 2, а „црвено-црните“ се радуваа на победа по голема драма во завршницата. Трагичар во редовите на гостинскиот состав беше Спасовски кој не успеа да погоди во рекетот за „брејк“ на својот тим.
Претходно Работнички 2018 славеше со 74-68 против ГКК Охрид, Соколи 1933 забележаа победа над МКК Куманово со 74-71, додека Ангели беа убедливи против Водно Санс за триумф од 100-69.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА