Победата на Наполи над Јувентус долго во ноќта се славеше низ улиците на Неапол. Нешто повеќе од 10.000 навивачи ги пречекаа играчите по враќањето од Торино и победата од 0-1, со која тимот се доближи до Скудетото. Во таа победа учествуваше и Елиф Елмас кој асистираше до Распадори, кој го постигна единствениот гол во 93. минута.
Одлична атмосфера имаше во Неапол, навивачите останаа доцна во ноќта да ги дочекаат своите миленици. Елиф Елмас со својот телефон ја снимаше одличната атмосфера, а само искоментира „Неверојатно“ на својот профил на „Инстаграм“.
Авионот со играчите на Наполи во Неапол слета некаде во 3 по полноќ, но тоа не беше проблем да се соберат на улиците и да го прослават овој голем триумф, со кој веќе следното коло може и математички да ја освојат шампионската титула во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

