Нова повреда: Крај на кариерата за Златан Ибрахимовиќ?

Златан Ибрахимовиќ заработи нова повреда која овој пат може да стави крај на неговата професионална кариера. Шведскиот голгетер почувствувал болка на листот за време на загревањето на вчерашниот дуел против Лече по што не беше во комбинација за настап.

И покрај тоа што се уште нема официјална информација од италијанскиот клуб за сериозноста на повредата, тамошните медиуми информираат дека за него сезоната е завршена, а оваа повреда може да стиви и крај на богатата кариера која трае од 1999 година.

Четириесетиедногодишникот оваа сезона запиша само четири настапи во дресот на „росонерите“, а и покрај неговата желба да остане во клубoт, тоа се чини невозможно. Но, Ибрахимовиќ е познат како голем борец па нема да биде изненадување доколку успее да надмине уште една голема пречка во кариерата.

Се вчитува...