Избегнат голем инцидент: Се запалил авионот со кој летал женскиот фудбалски тим на Арсенал

Женскиот фубалски тим на Арсенал избегнал страшен инцидент на аеродромот во Волфсбург. Имено, авионот со кој тимот требало да се врати во Англија по првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на Шампионите се запалил додека се обидувал да полета.

При приближување до пистата се запалил еден од моторите откако во него удрила птица, а брзата реакција на екипажот кој со сопрел авионот и извршил брза евакуација спречил голем инцидент.

За среќа од немилиот настан нема повредени. Фудбалерките ноќта ја поминале во хотел, а денеска безбедно се префрлени во главниот град на Англија.

Се вчитува...