Младинците на Аз Алкмар со „петарда“ против Хајдук до титула во ЛШ

Младинците на Аз Алкмар се освојувачот на овогодинешното издание на Лигата на Шампионите откако во големото финале славеа со убедливи 5-0 против хрватски Хајдук Сплит.

Хрватскиот тим на сензационален начин се пласираше во финалето кое се одигра во Женева, имаше и фантастична поддршка од најверните навивачи, но младите фудбалери не успеаја да стигнат до уште една победа која ќе им донесеше трофеј.

До предност холандскиот тим стигна при самиот крај на првото полувреме кога од белата точка мрежата ја затресе Адаи, а преку Поку и Мердинк кои стрелаа по два пати од 70. до 87. минута Аз Алкмар запиша лесна победа.

И покрај поразот во големото финале, фудбалерите на Хајдук ќе добија свечен пречек на плоштадот во Сплит.

Се вчитува...