Сејдини му го подари најновиот репрезентативен дрес на Дарко, од Бошко Ѓуровски го доби најновиот од Ц. Звезда (ФОТО)

Пред официјалната промоција на документарниот филм „Патот на Кобра до ѕвездите“ за најголемото македонско фудбалско име, Дарко Панчев, бројни дружби меѓу легендите на Вардар и Црвена Звезда во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

А, во рамките на официјалната церемонија, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини му го подари најновиот репрезентативен дрес на Дарко.

„Благодарност до ФФМ и за овој момент, македонскиот дрес е нешто со особена гордост го носев низ моментите кога ја градевме независноста и на Македонија и на македонската фудбалска репрезентација“ – истакна Панчев.

А, во името на легендите на Црвена Звезда, пак, Бошко Ѓуровски, му го подари на Дарко најновиот дрес од српскиот шампион.

 

Се вчитува...