Катастрофалната сезона за Кристијано Роналдо продолжува понатаму. Португалскиот ас оваа сезона нема да има шанса ни да се бори за трофејот во Купот на Саудиска Арабија откако неговиот тим Ал Наср претрпе пораз од 1-0 во полуфиналниот натпревар против Ал Веда.
Победоносниот гол беше дело на Жан-Давид Богел кој стрелаше во 23. минута со „ножички“. На Роналдо и Ал Наср не им помогна ниту фактот дека имаа играч повеќе од 53. минута кога втор жолт картон заработи Ал Хафит.
Роналдо имаше шанса да изедначи, но 81. минута од непосредна близина ја погоди пречката.
🚨CHANCE! Cristiano Ronaldo hits the barpic.twitter.com/SnBv7y74t1
— VAR Tático (@vartatico) April 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА