Поранешниот тренер на Бостон, Име Удока ќе биде новиот тренер на Хјустон, пренесува доброупатниот Адријан Војнаровски. 45-годишниот стратег важи за еден од најперспективните тренери, но неговата кариера во Селтикс заврши со контроверзија.
Удока беше суспендиран поради врска со членка на персоналот на организацијата, нешто што во САД се смета за неетички. Притоа тој ја изневери својата сопруга актерката Ниа Лонг по што се најде во центарот на вниманието на тамошната јавност.
Рокетс поминуваат низ фаза на ребилдинг по заминување на Џејмс Харден, а со оглед на талентот во ростерот и преспективниот тренер се очекува тимот повторно да се најде во игра за место во плеј-офот уште следната сезона.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

