Тренерот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус отворено и искрено ја искритикува НБА лигатаи тамошната кошарка во интервју а шпанската агенција ЕФЕ. Тој рече дека голем дел од клубовите таму само импровизираат да заработат пари, додека мал е бројот на оние клубови кои имаат план и работат според него.
Јасикевичиус кажа дека лигашкиот дел е катастрофа, и дека е неподнослива кошарката, додека плеј-оф мечевите се нешто сосема друго.
„НБА е кошарка во која само сопствениците на клубовите треба да бидат среќни, затоа што вредноста на франшизата оди до небо, и парите доаѓаат од цел свет, посебно од Кина и од Индија. Што се однесува до мене, таму кошарката е неподнослива“, рече Јасикевичиус.
Интересно, Литванецот и сам настапуваше во НБА лигата од 2005 до 2007 година, а потоа кратко се задржа и во Голден Стејт, пред да се врати во Европа.
„Плеј-офот е нешто друго, а лигашкиот дел не е за гледање. Не може да се навикнете на нивниот менталитет. Тие не тренираат, тоа е друг свет. Делува дека работат малку тоа да се поправи. Тоа е бизнис во нацистичка форма. Постојат 22 франшизи кои секогаш имаат проблем да влезат во плеј-оф, и констатно импровизираат. Покрај нив, имате осум тима кои знаат што прават, следат план и идеи заeдно со играчите и со тренерите“, рече Литванецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

