Фијаско на ЦСКА на домашен терен: Рајковиќ е пред елиминација од ВТБ-лигата

Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва сосема неочекувано се најдоа на работ на елиминација во полуфиналето од ВТБ-лигата, губејќи го петтиот меч на домашен терен со убедливи . Со овој резултат, ЦСКА сега има негатива од 2-3 во серијата што се игра до четири победи, а наредниот натпревар се игра во Краснодар, каде Локомотив ќе има шанса да приреди сензација во ова полуфинале.

Тимот на Рајковиќ делуваше импресивно во текот на регуларниот дел од сезоната, но од самиот старт на оваа серија ЦСКА се соочува со огромни проблеми. Згора на тоа, Рајковиќ не може да смета ниту на најдобриот кошаркар, Србинот Милутинов кој се повреди пред крајот на вториот меч и се уште не е „фит“ за настап. Денешниот дуел беше решен во првата четвртина што ЦСКА ја одигра катастрофално. Откако погодија тројка во првиот напад кошаркарите на ЦСКА во наредните осум минути немаа ниту една реализација од поле, што Локомотив го искористи да дојде до двоцифрена предност. Домашните навивачи се надеваа на камбек но гостите во вториот период стигнаа и до „плус 20“, по што до самиот крај не дозволија ЦСКА ниту да помисли на целосен резултатски камбек, заслужено триумфирајќи со конечни „плус “.

Акон Пурсел со 22 поени беше прв стрелец на Локомотив на овој натпревар, додека најефикасен во таборот на ЦСКА беше Какок со 16 поени. Целосно потфрлија двата најдобри бека во тимот на Рајковиќ, Швед постигна осум поени со шут од поле 1/12, додека Вер имаше само четири поени, со идентичен шут 1/12 и само едно погодено слободно фрлање од четири обиди.

Се вчитува...