Чудо во Жирона: Еден играч му даде четири гола на Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Играчот на Жирона, Валентин Кастелјенос, вечно ќе го памети денешниот 25 април 2023 година. Фудбалерот од нападот на овој тим му даде неверојатни четири гола на големиот Реал Мадрид, а Жирона е на праг на изненадување во 31. коло во Ла Лига, со што и дефинитивно четата на Анчелоти ќе биде отпишана од титулата.

Кастелјенос првиот гол го постигна во 12. минута, а во 24. минута зголеми на 2-0, и ја најави сензацијата. Сепак, Реал се врати со  голот на Винициус пред крајот на полувремето.

Кога се чинеше дека „кралевите“ ќе тргнат во офанзива да се спасуваат во вториот дел, Кастелјанос стапи на сцена и во 46. минута зголеми и на 3-0, а Аргентинецот во 62. минута донесе и 4-0 за својот тим.

За потсетување дека Реал настапува без првиот голман Куртоа, и без напаѓачот Бензема во првиот состав.

Инаку четирите гола на Касталјенос доаѓаат само еден ден подоцна од одбележувањето на четирите гола на Левандовски против кралскиот клуб во ЛШ во 2013 година. Последен кој дал четири гола на „кралевите“ бил Естебан Ечеварија во далечната 1947 година.

Се вчитува...