По бод за Лидс и Лестер во дербито за опстанок (ВИДЕО)

Лидс и Лестер освоија по еден бод во меѓусебната директна пресметка која беше многу важна за обезбедување на опстанокот во Премиерлигата. Резултат кој никому не му одговара, па двата тима до крајот ќе водат жестока битка за нова сезона во англиската елита.

Тимот од Еланд Роуд водеше со голот на Синистера во 20. минута од средбата. На Лестер при 0:0 им беше поништен гол поради офсајд. Ихеаначо во 73. и 75 минута имаше две шанси порано да израмни, но не реализираше.

Спасител на Лестер е Џејми Варди кој во 80. минута погоди и така донесе бод за својата екипа. Двата тима остануваат во долниот дел на табелата, еден, односно два бода над опасната зона, но и меч помалку од Евертон и од Нотингем.

Се вчитува...