Кошаркарите на Денвер Нагетс ја добија серијата против Минесота Тимбервулвс со 4-1, откако синоќа во последниот натпревар славеа на домашен терен со 112-109.
Повторно најдобар поединец во таборот на Нагетс беше Никола Јокиќ кој натпреварот го заврши со нов трипл-дабл учинок од 28 поени, 17 скока и 12 асистенции. Кај поразените недоволни беа 29 поени на Ентони Едвардс.
Противник на Нагетс во полуфиналето на Западот ќе биде Феникс Санс кој исто така со 4-1 ја доби серијата против ЛА Клиперс, откако синоќа славеше на домашен терен со 136-130. Девин Армани Букер со 47 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Норман Пауел уфрли 27 поени.
На истокот Атланта Хоукс се уште не се предава откако намали на 3-2 во серијата против Бостон Селтикс откако изненадувачки стигна до победа на гостувањето во „ТД гарден“ од 117-119. Тре Јанг со 38 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Џејлен Браун заврши со 35 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

