Новак Ѓоковиќ е идол на многумина, меѓу кои и на синот Стефан. Тој во училиште напиша состав на тема „Мојот херој“ каде пишуваше за својот татко, а ги спомна и Роџер Федерер и Рафаел Надал, како и неговата љубов кон тенисот.
Во составот кој го објавија српски медиуми можете да погледнете што мисли Стефан за својот татко и неговата кариера.
„Во времињата кога Роџер Федерер и Рафаел Надал се уште беа или први на светот или втори, се појави татко ми Новак Ѓоковиќ. И така стана моето презиме. Роден е на 22. мај 1987 година. Аааа, заборавив јас сум Стефан Ѓоковиќ, неговиот син. Ме инспирираше да бидам упорен и добро да играм тенис!“, напиша Стефан, кој ги обои сите три имиња во боите на знамињата, така што шпанскиот, швајцарскиот и српскиот симбол се видливи на текстот.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

