Партизан забележа извонредна победа на премиерниот меч од четвртфиналната серија над Реал Мадрид, а српските медиуми се потсетија дека кошаркарот на „црно-белите“, Алан Смаилагиќ, предвиде токму ваква завршница на трилер-дуелот во шпанската престолнина.
Во дуел на два тима кои се израмнети и во кои решаваат детали, што може да биде пресудно за Партизан да слави, гласеше новинарското прашање до крилниот центар пред тргнувањето за Мадрид.
„Не знам… ајде нека биде да го победиме Реал со тројка во последната секунда“, прокоментира Смаилагиќ.
И се случи токму тоа, Пантер со шут од далечина му ја донесе победата на Партизан на 0,4 секунди до крајот.
Смаилагиќ беше и еден од најголемите оптимисти на самиот старт од сезоната, кога за многумина меѓу „црно-белите“ успех беше самиот пласман во Евролигата, крилниот центар сонуваше за нешто повеќе во елитното европско натпреварување.
„Баш добро се подготвуваме, за да изненадиме сезонава. Да направиме Бум… Ајде да не бидам скромен, сакаме да се обидеме да стигнеме до фајналфор, или да го освоиме пехарот“, изјави Смаилагиќ пред повеќе од половина година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА