Кошаркарскиот клуб Партизан на иницијатива на навивачите започна донаторска акција „Имаме еден Партизан“ со цел да се исплати дел од даночниот долг, а деновиве на сметката на црно-белите легна сума од 12 милиони динари.
Тоа е и најголемата сума што ја платил навивач на Партизан, но останува мистерија кој би можел да биде бидејќи уплатата е анонимна.
Од клубот изјавија и дека оваа акција ќе трае од 19. април до 13. мај, по што клубот ќе ја плати првата рата за подмирување на даночниот долг и ќе влезе во процедура за подмирување на даночниот долг.
„Единствени официјални инструкции за плаќање се оние објавени преку официјалните билтени на КК Партизан. Сведоци сме на неколку обиди за измама преку социјалните мрежи, а Клубот со ова апелира до навивачите исклучиво да ги следат упатствата за плаќање кои се објавени преку веб-страницата и социјалните мрежи на КК Партизан“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

