Самир Насри еднаш важеше за голем надеж на францускиот фудбал. Сега 35-годишникот никогаш не стекна голема, но беше долгогодишен член на репрезентацијата, а и дел од едни од најголемите тимови во Англија, Арсенал и Манчестер Сити.
Во клубот од Манчестер имаше шанса и да соработува во Пеп Гвардиола, тренерот кој го испрати на позајмица во Севилја, а сега откри каков бил нивниот однос и каков тренер е Шпанецот.
„Имавме расправии и покрај тоа што кратко соработувавме. Беше разочаран бидејќи имав повеќе килограми од колку што требаше и постојано тоа ми го говореше. Тој е арогантен, но на добар начин. Знае дека е најдобриот тренер на светот и на сите им го кажува тоа.
Го извлекува најдоброто од вас и ако не можеш да го поднесеш неговиот однос тогаш не си за неговиот тим. Спрема мене секогаш беше искрен и поштен и покрај тоа што тогаш јас не го сфаќав тоа така. Морав секој ден да се се мерам на вага и еднаш беше многу лут. Мислам дека тогаш Сити се одлучи дека треба да ме продаде“, открива Насри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

