Лидерот Струга ТЛ има водство од 1-0 против Тиквеш на полувремето од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Стружани имаат предност со која ја одржуваат предност на врвот од табелата благодарение на голот на Муарем уште во 5. миута од натпреварот.
И Шкупи има предност од 1-0 против Брегалница. Чаирчани на домашен терен поведоа во 17. минута со голот на Сандеј Адетунџу кој одлично реагираше со глава по нафрлањето од корнер од десната страна, за водство од 1-0 на Шкупи…
Македонија ЃП, пак, води против Скопје со 1-0 на стадионот на тренинг-центарот„Петар Милошевски“ на ФФМ.
На останатите два натпревари во Тетово, меѓу Шкендија и Силекс, и во Струмица меѓу Академија Пандев и Победа, нема голови по првите 45 минути.
ПМФЛ – 29. КОЛО (прво полувреме)
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА 0-0
Скопје: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Сандеј Адетунџи 17′
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 1-0
Мишевски 6′
Струга: СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 1-0
Муарем 5′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА