Сензација во Крусибл: Елиминиран Рони О’Саливен

Најдобриот снукер играч на сите времиња доживеа сензационална елиминација на Светското првеснтво кое се игра во „Крусибл театарот“ во Шефилд, откако изненадувачки загуби во четвртфиналето од Белгиецот, Лука Бресел со 13-10.

Пред денешната сесија О’Саливен имаше предност од 10-6, но неочекувано одигра катастрофално, што доведе до тоа Белгиецот без проблеми да стигне до своето прво полуфинале во Шефилд.

Таму за противник Бресел ќе го има подобриот од дуелот меѓу Шкотланѓанецот Ентони Мекгил и Кинезот Си Џиухаи.

Се вчитува...