Ѓорческа елиминирана на стартот на фјучрсот во Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на самиот старт го заврши настапот на ИТФ фјучрсот во турскиот Истанбул.

Македонката во 1. коло на силниот фјучрс вреден 80.000 американски долари загуби од Романката Ирина Бара со 2-1, по сетови 3-6, 6-2 и 7-5.

Ѓорческа одлично го отвори првиот сет добивајќи го со 6-3. Романката која во 2020 година играше во 3. коло на Ролан Гарос возврати во вториот сет со 2-6, додека во третиот по тешка борба успеа да стигне до 7-5 и второ коло на турнирот во Истанбул.

Се вчитува...