Формула 1 шампионатот по речиси едномесечната пауза продолжува овој викенд со Големата награда на Баку, а истата ќе донесе и новитет во најбрзото натпреварување на светот.
На улиците на главниот град на Азербејџан за прв пат ќе се вози во новиот формат на спринт трките. Имено, за разлика од сега како истата важеше како квалификација за главната трка, овој пат спринт трката нема да има влијание на пласманот за главната трка која ќе се вози во недела. Тој ќе биде одреден во петок, а на саботната спринт трка возачите ќе се натпреваруваат за бодови.
Освојувачот на спринт трката ќе добие осум бода, второпласираниот седум, третопласираниот шест… се до осмата позиција за која возачите ќе добијат по еден бод.
Со тоа возачите ќе дојдат во позиција повеќе да ризикуваат на спринт трките кои покрај во Баку ќе се возат и во Австрија, Белгија, Катар, САД и Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА