Партизан и Црвена Звезда одиграа без голови 0-0 во 170. вечно дерби на српскиот фудбал како дел од 32. коло од годинашната сезона во Моцарт суперлигата.
Откако минатиот викенд „црвено-белите“ ја осигураа новата шампионаска титула во домашниот шампионат, во ова дерби влегоа резервирани, а тоа што натпреварот во „Хумска“ се играше на празни трибини не ја намали напнатоста и нетрпеливоста на двата тима, откако на крајот на првиот дел беше спречен поголем инцидент откако во физичка пресметка влегоа фудбалерите на двата тима.
Партизан игра катастрофално оваа пролет и веќе доаѓа до знак прашање и настапот во Европа следната сезона, па затоа имаа повеќе мотиви за победа. Сепак, „црно-белите“ не успеаја да го начнат голот на својот лут ривал и на крајот 170. дерби заврши со најнепопуларниот резултат (0-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА